Да можев..

infinity

Ако само можев да го променам светот, да владее љубов помеѓу луѓето, наместо нивните карактери да бидат предводени од злото, ќе направев се што е во моја моќ и ќе беше се како што треба.

Ако само можев да побегнам од реалноста, но  навистина да избегам, засекогаш ќе заминев некаде во моите мисли, во мојата утопија и немаше никогаш повеќе да сакам да се вратам во овој свет, каде човекот е тој што уништува се.

Да можев никогаш да не се налутам, никогаш да не се расправам и никогаш никој да не повредам, ќе направев се за тоа да го постигнам. Срцето и разумот ќе живееа во хармонија, а не како што се сега, залутани во спротивен правец.

Да можев, никогаш да не те оставам да живееш во минатото, да можев да останам покрај тебе, ќе останев, но изгледа не сум била доволно храбра да се изборам со себе и својата гордост. Камо да можев…

Да можев да го вратам времето, да знаев тогаш, да знаев што ќе се случи пред време, ќе променев се. Никој од вас, мои сакани немаше да ме напушти, а исто и јас никогаш немаше да ги оставам сами тие што случајно или неслучајно ги повредив.

Да можев да живеам без понекогаш да помислувам на минатото, ќе живеев, верувајте. Да можев засекогаш да останам пријател со некој, наместо сега да го сметам за обичен познаник ќе останев. Требаше само да слушнам два збора, но не се каам дека не ги слушнав. Во ред е, навикнав. Чудно е, како луѓето кои случајно дошле во твојот живот, те промениле, ти создале некои навики; па потоа некој настан или повеќе причини довеле до тоа вашите патишта да се разделат,  па откако нив ќе ги снема чувствуваш некоја празнина без нив, па не знаеш дали би издржал, а по кратко време само се навикнуваш. Се навикнуваш да живееш без нив, за потоа твојот живот да биде ист како и пред нив, како никогаш да не биле дел од него.

Спомнав многу нешта кои не ги можам, но заборавив да ги кажам оние, можните. Да, не можев да сфатам зошто пријателството ми беше најважно, но сега можам да сфатам и сфатив.Човек не би можел да живее сам, без никој. А сега сум толку далеку од сите, па ми фалат. Разговорите на социјалните мрежи ги немаат потребните емоции. Можев да ги сфатам, можев да ги ислушам, можев да им помогнам…

Да, јас можев да ги сакам и да ги почитувам, можев да ги прегрнам, иако сега не можам, бидејќи се далеку, но ќе биде и тоа наскоро. Можам да простам, можам да заборавам, можам да сакам…

Уште само да можев да знам, зошто не можам некого да мразам…

Колку сака нека боли, ќе издржам..

 

Пак ти се обраќам тебе, мој стар пријателе. Не е дека немам со кого да си ги споделам маките, единствено ти ќе ме испочитуваш и ќе ме ислушаш без да се обидеш
да ми дадеш совет, за кој знаеш дека нема да го послушам.

Повторно се навраќаат едни исти емоции, ме следат на секој мој чекор, кај и да стапнам тие се околу мене. Боли.
Боли, тоа што не сум сфатена, боли тоа што сите се тука кога нема зло, а кога и да се појави, нив ги снемува, од сите на крајот остануваат само сенки и прашина.

Иронично е тоа што во моментов не се наоѓам во мојот топол дом, далеку од моите сакани, далеку од сите што ми значат, а јас не се чувствувам како странец тука.
Се чувствувам како странец во мојот роден крај. Жално, но така е. А зошто е тоа така, кој би знаел?
Немам никој свој, да си позборувам на мајчин јазик, а чувствувам поголема топлина отколку да би имала. Чудно, нели? Чуден е овој свет, чудно е ова време, т.е. не.
Чудни сме ние луѓето.

Боли тоа што не можам да бидам во твојата прегратка, но што можеме јас и ти против егото, против гордоста ? Нека боли, ќе помине. Се е минливо во животот, ти само биди
ми среќен, јас ќе бидам уште посреќна. Далеку од очи, далеку од срце велат, но моето срце испушта само тажни звуци, крици. Шетам низ паркот, сама, ги гледам жолтите
лисја. Имам иста судбина како нив, да се радувам во пролетта додека ги гледам твоите темни очи и нивниот сјај, да мечтаам во летните ноќи за пак да те сретнам за на
крај да дојде оваа есен и да овенам, да паднам некаде околу моето стебло, ветерот да ме носи некаде, капките од дождот да ги покријат солзите. Потоа снегот да ме покрие
и да не ме видиш таква. Да не ме видиш тажна и скршена како лисјата, затоа ја обожавам есента, таа ме прикрива, умее да ме разбере.

Но, после секоја есен, доаѓа зима. Да, љубов, тогаш најмногу ќе ми треба прегратка. Но, изгледа и оваа зима што следува, јас нема да ја добијам. Се надевам ќе расцути
повторно нашата љубов, заедно со пролетта и ќе трае повеќе и повеќе. Да, мечтаам, но не се обвинувај себе си, така требало да биде, да бидеме оддалечени, може ќе сфатиме
колку си недостигаме, можеби..

А мојата болка, никако да престане. Старите рани повторно се отворија и некој како цело време да им истура сол. Пече, секоја стара станува нова рана и повторно истата
борба отпочеток. Но, јас ветив нешто, некому.

За жал таа бесценета и драга личност не е дел од овој свет. Ме боли и тоа, што не можеш заедно со мене да се радуваш на мојот успех. Ме боли се што сакав, а морав да го
пуштам од мене. Но, јас ти ветив дека ќе се борам за себе и за моите најблиски, се само да не ги повредам. Секој мој неуспех само нив двајца им носи болка, затоа морам
да се борам, ЗА НИВ и ЗА ВЕТУВАЊЕТО КОЕ ТИ ГО ДАДОВ ТЕБЕ! Дај ми знак дека можеш да ме слушнеш и ќе се искачам некаде високо, за да ме разбереш, ќе викам, ако треба!

За тебе, за твојата неостварена желба, да ме видиш повторно на врвот.
За моите најсакани и единствени.
Колку сака нека ме боли, ЌЕ ИЗДРЖАМ !1798682_810028792347637_13845479_n